Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryo89e7m56kipk7eQGJNS

СДСМ денеска преку прес-конференција побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за, како што велат, целосен распад на безбедносниот систем по бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого МВР распиша меѓународна потерница.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Лазаров, кого го поврзуваат со дискотеката „Пулс“ и со пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, успеал да ја напушти државата, оценувајќи дека станува збор за уште еден пример на институционален неуспех.

— реклама —

„Прво му го отворија прозорот во полициската станица, а потоа му дозволија да избега. Дури откако замина, распишаа меѓународна потерница. Тоа е веќе видено сценарио кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски“, соопштија од СДСМ.

Според опозициската партија, наместо криминалците да завршуваат во затвор, тие добиваат можност да избегаат, а никој не сноси одговорност.

— реклама —

„Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за што мора да има политичка и кривична одговорност“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата бара целосно расчистување на случајот, утврдување на одговорност кај сите инволвирани и оставка од министерот Панче Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања