Промени тема
Контакт

(Видео) СДСМ преговара за „прелети“: Жерновски најави нов пратеник во групата на СДСМ, кој е тој?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6gnhra9d4uasei9j2BC

Членот на Извршниот комитет на СДСМ, Андреј Жерновски, во поткастот „Претрес со Ландов“ најави дека партијата води разговори со пратеници за приклучување кон нивната пратеничка група во Собранието.

Во разговорот со новинарот Кристијан Ландов, Жерновски посочи дека СДСМ е во процес на „окрупнување“, најавувајќи дека наскоро може да има нови пратеници во нивниот блок.

— реклама —

„Колку што слушам, колку што читам, ние ќе се окрупниме денеска“, рече Жерновски, на што дополнително појасни дека станува збор за нови пратеници кои би се приклучиле.

— реклама —

На прашањето колку пратеници се во прашање, тој одговори: „Засега еден мислам дека ќе биде, потоа два и така натаму“, посочувајќи дека процесот е во тек и дека се водат разговори и со поранешни коалициски партнери.

Во дел од разговорот се отвори и темата за можни политички влијанија или мотиви зад ваквите трансфери, при што Жерновски ги отфрли наводите дека станува збор за „купување“ пратеници.

— реклама —

На директно прашање дали евентуалните нови пратеници би можеле да дојдат од редовите на ЗНАМ, Жерновски не даде конкретен одговор, оставајќи простор за шпекулации.

„Вие можете да сфатите како сакате, тоа е ваше право“, рече тој, без да ги потврди, но ниту да ги негира ваквите можности.

Гледајте го поткастот тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb0ggu7dgn0j3fOAWE76

(Видео) Калиопи за необјавената песна со Тоше: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

Магазин | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryjk6einrdt896aY818A3

(Видео) Калиопи: Кога давам интервјуа надвор од Македонија, Северна не смее да стои на кајрон

Македонија | пред 5 дена

media-library1i3mq6fa4g96fjRepFe

(Видео) Калиопи: Татко ми цел живот сонуваше да бидам на оперската сцена, но не дочека да ме види покрај Хозе Карерас

Магазин | пред 5 дена

media-librarys5sb1np5p1jm0VfNb0N

(ВО ЖИВО) „Претрес“ со Калиопи: Од Југославија до денес, Тоше, Есма, Слаткар, Евровизија и “болката” за Македонија

Магазин | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања