Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) СДСМ: Со ребалансот се кратат парите за младите, СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за студентите и учениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ на денешната прес-конференција обвини дека со предложениот ребаланс на Буџетот Владата ги намалува средствата наменети за младите и побара преку амандмани да се обезбедат дополнителни пари за студентите, учениците и образованието.

— реклама —

Од партијата тврдат дека со ребалансот се кратат еден милион денари од програмата за млади, додека средствата за демографски политики се намалуваат за околу 70 проценти.

Според СДСМ, наместо да инвестира во младите, власта ги намалува средствата во време кога, како што наведуваат, голем број млади размислуваат да ја напуштат државата.

— реклама —

Од опозициската партија информираа дека во Собранието поднеле повеќе амандмани со кои бараат дополнителни 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, шест милиони денари за повисоки студентски стипендии, како и повеќе средства за реконструкција на студентските домови.

— реклама —

СДСМ предлага и издвојување 243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта, дополнителни средства за подобрување на пристапот до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби, како и 200 милиони денари за опремување на основните и средните училишта со современа научна технологија.

Воедно, од партијата бараат и поголема финансиска поддршка за учениците кои учествуваат на меѓународни натпревари и олимпијади.

— реклама —

Од СДСМ порачаа дека очекуваат власта да ги прифати предложените амандмани и средствата да ги пренамени кон младите, наместо, како што наведуваат, кон непродуктивни трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања