Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се формираат нови министерства, Мицкоски ги презентираше и поднесе закон до Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-06-05-at-12.05.39

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Христијан Мицкоски поднесе закон со кој се формираат нови министерства, дел се реорганизираат, а дел преземаат надлежности од веќе постоечки. Според него, Законот ќе помогне за подобро функционирање на државната управа. Тој очекува во петок да се најде на седница на Собранието, а до 11-ти јуни да биде изгласан.

— реклама —

„Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ја барам поддршката на сите пратеници, без разлика на партиите. А легитимитетот го темелам врз основа на изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Сиљановска-Давкова. Легитимитетот е јасен, кредибилитетот и легалитетот исто. Ова беше изборно ветување, идентично на она дека идната Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави со опозициските партии, а денес се дел од владиното мнозинство“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој објасни што опфаќа законот.

„Со овој закон се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во Владата и тоа со Министерството за економија и труд кое ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото Министерство за економија и ќе му се додаде „труд“ за работодавачите да можат на едно место да ги реализираат своите обврски, дијалог итн. Агенцијата за млади и спорт нема да постои туку ќе има Министерство за труд. Надлежностите за рударството и енергетиката ќе бидат во надлежност на Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини. Министерството за култура ќе стане Министерство за култура и туризам. Новоформирано Министерството за дигитализација ќе ги наследи надлежностите на досегашното Министерство за информатика, а ќе има и ново Министерство за администрација“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој смета дека вака ќе се добие подобрување на животот и стандардот на граѓаните.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања