Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Се води постапка за фризерницата, пропустите се на страна на директорката Димова, вели обвинителката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
lidija-dimova-obvinitelka

Во случајот со доделувањето на средства на фризерницата, се води постапка во делот на одговорноста на ексдиректорката во Националаната агенција за европски образовни програми Лидија Димова, вели обвинителката Сузана Мирчевска-Кузмановска. Таа посочува дека е убедена во тоа дека разрешената директорка има одговорност во делот на јавните набавки и ангажирањето лица без огласи. Обвинителката вели: „Убедена сум дека ќе докажам“.

„Се води постапка во делот на одговорноста на директорката Лидија Димова и тоа е содржано во обвинението за кое денеска имавме судење. За оној кој го добил грантот ја запрев истрагата уште кога го поднесов обвинението. Тоа значи дека грантовите, при доделувањето на грантовите, директорката има пропусти, односно не ја спровела постапката онака како што е предвидено со националното законодавство“, рече обвинителката Сузана Мирчевска-Кузмановска.

— реклама —

Во судница, Димова се бранеше со документ од ОЛАФ во кој стои дека таа не направила злоупотреби. Но и ОЛАФ е дециден дека тоа не значи дека не го прекршило законодавството на Македонија.

— реклама —

„Документот е краток, известување од ОЛАФ е. Истрагата која ја водела таа институција не утврдиле дека Лидија Димова како директорка на агенцијата направила злоупотреба на европските средства согласно нивните програми. Меѓутоа, таму е назначено дека ваквата констатација на ОЛАФ не значи задирање во евентуални постапки кои ги водат органите во матичната држава. Тоа значи дека по наоѓање на Обвинителството, пред при доделување на тие грантови за фризерницата, како што ја нарекувате, и неколку други ситуации, пропустите се на страна на директорката. За тоа се води постапка“, додава обвинителката.

IK

(Видео) Сведоштво за присила од Лидија Димова и детали за трошењето буџетски пари: Знаеше дека фалат од благајна!

Сведокот Александар Гочев, ангажиран во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од разрешената директорка Лидија Димова, во судница раскажа за што се потрошиле 15.000 евра од благајната, зошто не се вратени, но и како спроведувал насоки од директорката. Пред Димова да го земе во Агенцијата, тој бил со неа и во Собрание, па сведочи дека на новото работно место бил канал за комуникација меѓу Димова и вработените. Призна дека ги подигал парите од благајна, па кажа дека Димо

Македонија | пред 2 години

— реклама —

Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување па постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето на издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.

— реклама —
lidija-dimova

(Видео) Лидија Димова молчи и бега: како го присилувала сведокот да потпише изјава?

Обвинетата Лидија Димова која е разрешена директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, без одговор како се местат тендери, а откако вакво обвинение против неа покрена обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска. Во судница имаше тивки коментари за сведочењето на Александар Гочев кој тврди дека го присилила да потпише изјава дека таа не знаела оти тој незаконски подигнал средства од благајна, а надвор, бегаше од екипата на „Скопје1“.Надвор пак, ниту потврди, ниту

Македонија | пред 2 години

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова.

ДЕТАЛИ: https://a1on.mk/istrazjuvanja/skopska-frizernica-dobila-nad-270-000-evra-evropski-pari-za-edukacija/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lidija-dimova

Укината пресудата за Димова: На судиите од Апелација не им било јасно за што е виновна, а за што ослободена

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
lidija-dimova

Лидија Димова осудена на две години затвор за злоупотреба на службена положба

Македонија | пред 9 месеци

IK

(Видео) Сведоштво за присила од Лидија Димова и детали за трошењето буџетски пари: Знаеше дека фалат од благајна!

Македонија | пред 2 години

lidija-dimova

(Видео) Лидија Димова молчи и бега: како го присилувала сведокот да потпише изјава?

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања