Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Видео) Се затрупува и стабилизира теренот кај „Теодосиј Гологанов“ по свлечиштето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-librarybv6t84m2v3cseEFwtIv

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде се спроведуваат итни мерки за стабилизација и обезбедување на просторот по евидентираното свлечиште во близина на градежен зафат.

На терен, заедно со Герасимовски, беа и деканот на Градежен факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица.

— реклама —

Според стручните насоки и експертското мислење на Градежниот факултет, започнало затрупување и дополнително обезбедување на земјиштето на градилиштето, со цел стабилизација на теренот и спречување на нови оштетувања.

„Безбедноста на граѓаните нема цена. Од првиот момент реагиравме веднаш, а денеска на терен заедно со стручните лица ги следиме активностите за стабилизација на просторот“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Тој упати благодарност до деканот и стручниот тим на Градежниот факултет за брзата реакција и експертската помош.

— реклама —

Од Општина Центар информираат дека инспекциските служби и понатаму остануваат на терен и продолжуваат со надзорот. Досега биле изречени повеќе санкции, а постапките против инвеститорот и изведувачот продолжуваат.

Според општината, било утврдено дека дел од градежните активности не биле изведувани согласно одобрението за градење издадено од Општина Центар.

— реклама —

Општината најави дека ќе продолжи со активности за обезбедување на просторот и утврдување одговорност за сите констатирани неправилности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysr9v32jhta05946BYBA

(Фото) Слаб земјотрес или екстремни врнежи може да биде јако за оваа зграда, алармира прфесорот Милевски за свлечиштето во Железара

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarykre5sco6lk6f3IbHGxr

Свлечиште ја затвори обиколницата околу Битола, сообраќајот пренасочен низ градот

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypeb4dt4bn6loarVW3bb

Поради врнежите од дожд свлечиште на патот кон Бањиче

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypbi7vdkhfmqr284iJ13

Вонредна состојба во Полошкиот регион: Поплави и свлечишта во Тетово и Желино

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања