Промени тема
Контакт

Вонредна состојба во Полошкиот регион: Поплави и свлечишта во Тетово и Желино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarypbi7vdkhfmqr284iJ13

Центарот за управување со кризи информира за поплавите на територијата на државата до 13:30 часот.

„Тетово и Полошки регион

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.

Во Тетово:

Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.

Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.

Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало.

Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“.

Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.

Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.

— реклама —

Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции.

Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита.

Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.

Кумановски регион

На подрачјето на Куманово, како и во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките – водостојот е намален и водата е повлечена во коритата.

— реклама —

Од вчерашните врнежи:

Во село Опае (Општина Липково) поплавено е земјоделско земјиште по излевање на Слупчанска Река.

Дел од земјоделските површини се поплавени и во село Оризаре.

Во село Доброшане, кај мостот кон село Шупли Камен, имало насобран отпад и локално излевање на обработливо земјиште. Во моментов нема опасност.

Во населба Бедиње е однесен дрвен мост од надојдената река. Известени се надлежните служби.

— реклама —

Кичевски регион

Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Состојбата во градската болница е нормализирана. Евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства.

Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците: Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември, како и кај домовите покрај реките Треска и Зајашка. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината.

Скопски регион

Во Скопје е пријавена надојдена вода кај мостот во Јурумлери (граница меѓу општините Аеродром и Гази Баба), како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково. Засега нема други пријави“, информираат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1120507507

ЦУК со пресек на пожарите: Еден под контрола, два изгаснати

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryjstaf690m545b6bUVp4

ЦУК: Девет пожари на отворено до 13 часот, пет сè уште активни

Македонија | пред 1 ден

media-libraryj9pq4mrlsli49RQmIxf

ЦУК: 20 пожари на отворено во изминатото деноноќие, три се уште активни

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожари кај Лесковица, Пеклани и во правец кон границата со Албанија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања