Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryd2lg1tqck5h8euUOh8z

Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, при што веднаш беше издадено предупредување за цунами и се очекуваат бранови високи до три метри, јавуваат јапонските медиуми.

Според последните информации, цунами-бран веќе пристигнал до крајбрежјето на префектурата Ивате. На жителите во крајбрежните области им е препорачано итно да се евакуираат и да се упатат кон повисоки и безбедни зони, далеку од морето и устијата на реките.

— реклама —

Јапонска метеоролошка служба првично соопшти дека може да дојде до промени на нивото на морето, но подоцна предупредувањата беа засилени поради ризик од цунами. Според податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот траел околу 20 до 30 секунди и предизвикал силно нишање на објектите.

— реклама —

Поради земјотресот е прекинат сообраќајот на брзиот воз Тохоку Шинкансен меѓу Токио и Шин-Аомори, а надлежните служби проверуваат дали има оштетувања во нуклеарните централи Фукушима Даичи и Фукушима Даини, како и во постројките во Онагава и Хигашидори.

— реклама —

Јапонските власти продолжуваат со следење на ситуацијата и предупредуваат дека опасноста од последователни бранови сè уште не е целосно исклучена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди јужниот дел на Јапонија

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања