Промени тема
Контакт

(Видео) Силни експлозии во Сирија, нападнаа Израелците: „Најтешкиот удар од 2012 година“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-16-at-07.34.29

Изреалски воени авиони доцна синоќа извршија жестоки напади врз воени позиции во сириските провинции Латакија и Тартус.

„Израелски воени авиони извршија напади насочени кон голем број локации, вклучително и единици за противвоздушна одбрана и складишта за ракети земја-земја“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

https://twitter.com/TreasChest/status/1868446799335481847?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=eabcb6d7-036f-415e-a97a-8ddc674a30c0

— реклама —

Од соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, израелските воздухопловни сили често вршат големи воздушни напади врз воени објекти во Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека синоќешниот напад на Тартус претставува „најтешкиот удар“ во областа во повеќе од една деценија, односно од 2012 година.

— реклама —

Анадолу јавува дека особено силна експлозија е регистрирана во селото Хиресун во Тартус по еден од воздушните напади. На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа моментот на силна експлозија.

https://twitter.com/Nadav_Eyal/status/1868435696140407139?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=eabcb6d7-036f-415e-a97a-8ddc674a30c0

— реклама —

Инаку, доцна синоќа е регистриран земјотрес и долж брегот на Сирија, што некои го припишуваат на израелските удари. Во 23 часот и 49 минути е регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала со епицентар на околу 28 километри од градот Баниас, објави израелскиот географски оддел за сеизмологија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 14 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања