Промени тема
Контакт

(Видео) Синер 20 минути надвор од теренот, Џим Куриер: „Прават исклучоци од правилата за најдобрите играчи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-library8u0n1r73ftkn2IJqrgb
screenshot youtube

Јаник Синер мораше да побара медицинска помош за време на мечот против Хуан Мартин Серундоло на Ролан Гарос, што предизвика бројни реакции и контроверзии.

Најдобриот тенисер во светот водеше со 5:1 во третиот сет и изгледаше дека сигурно оди кон победа, но потоа почна да има проблеми.

— реклама —

Серундоло намали на 5:4, а кога стигна до три брејк-топки, Синер побара помош.

„Ако сега изгубам време, како функционира тоа? Не можам да го направам тоа. Не можам да чекам“, му рекол Синер на судијата.

Арбитерот му одговорил дека или ќе добие опомена поради одолговлекување или мора да биде повикан физиотерапевт за да се утврди проблемот.

— реклама —

Италијанскиот тенисер потоа изјавил дека не знае дали станува збор за дехидрација, а во разговорот додал и дека му се врти во главата и има потреба од повраќање.

Синер го напушти теренот за преглед кај физиотерапевт, а потоа повторно се врати и го продолжи натпреварот.

— реклама —

Сепак, Серундоло успеа да направи брејк, а потоа со нов пресврт го доби сетот со 7:5 и намали на 2-1.

По сетот следуваше уште една подолга пауза, па Синер вкупно помина околу 20 минути надвор од теренот, во климатизирани услови, додека Аргентинецот чекаше на температура повисока од 30 степени Целзиусови.

Поранешниот тенисер и коментатор Џим Куриер ја коментираше ситуацијата со зборовите:

„Очигледно се работи за грчеви... прават исклучоци од правилата за најдобрите играчи.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Синер остана без шанса да го израмни рекордот на Ѓоковиќ поради повреда

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер од модна ревија директно во болница: Можно е да биде потребна и операција

Спорт | пред 1 седмица

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Синер се повлече од Пекинг, Зверев добива нова шанса за врвот на АТП-листата

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryvavka1klkorpfvLKT9s

Ѓоковиќ: „Во Синер се препознавам себеси“

Сцена | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања