Две елки има сега на скопскиот плоштад. Еден ден по критиките кои дојдоа и од регионот, градоначалничката Данела Арсовска донесе и втора елка. Коментарите од минувачи се “сиромавиот двапати плаќа”.
Како првата, така и втората елка се исти по големина. Единствено различно се украсени. Не се знае колку чини украсувањето и нема тендер.
Медиумите во регионот: ‘Несреќната’ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ
Елката на плоштад, која беше недокитена се до попладнево, стана тема и во српските медиуми кои се исмејуваат со нејзиниот изглед. Највпечатливот наслов го има „Нова.рс“ кои напишаа: „Кога мислите дека сте во лоша форма, потсетете се на несреќната елка во центарот на Скопје“. Критички настроени се и другите наслови меѓу кои се и: „Новогодишната елка во Скопје стана предмет на исмејување, целиот регион зборува“, „Регионот зборува за новогодишната елка во Скопје: Вакво нешто нема ниту на Али експре
Скопје | пред 2 години