Промени тема
Контакт

(Видео) Сите урбанистички планови за Скопје ќе бидат достапни онлај, ветува Шукова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
media-librarypo43q1a5v71hfb4Vq74

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска од Карпош истакна дека решавањето на проблемот со паркирањето и уредувањето на урбанизмот се врвни приоритети во нејзината програма.

Таа најави  решенија, како паметни паркинзи со дигитална наплата и информации во реално време, како и зони за паркирање на периферијата поврзани со јавен превоз. Една од мерките во програмата е субвенциониран паркинг преку стратегијата „Скопје за сите“ каде се опфатени семејства со ниски приходи, пензионери, млади невработени и лица со попреченост.

— реклама —

„Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци – не по изградбата, туку како предуслов,“ потенцираше таа.

Шукова најави и дека урбанизмот ќе биде целосно транспарентен: сите планови ќе бидат достапни онлајн, со можност граѓаните да даваат свои предлози и коментари.

— реклама —

„Ќе донесеме нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план и ќе ја изработиме стратегијата ‘Скопје 2050’, која ќе е долгорочна визија за Скопје со мешовити урбани зони и уредени јавни простори,“ додаде таа.

— реклама —

Шукова порача дека е време Скопје да се развива плански и во интерес на граѓаните:

„Скопје мора да се развива паметно. Не може веќе да се бориме со хаосот. Скопјани заслужуваат многу подобро.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

parking-1

Ново Лисиче сè уште чека зонско паркирање: Со месеци се обележуваат паркинзите

Скопје | пред 4 седмици

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

ЈП „Градски паркинг“ со ново летно работно време за зоните А, Б, Ц и Д

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

За втор автомобил во Центар ќе се плаќаат 500 денари, а за трет 1.500

Скопје | пред 3 месеци

parking

Бесплатен паркинг за 1 Мај во Скопје, наплата само на затворените паркиралишта

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања