Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Скандалозно јавно интервју: кандидатка за Комисијата против дискриминација зборуваше за Ататурк наместо за Истанбулската конвенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryhh3jvjrams1s7RLJJHO

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на настапот на кандидатката Џихан Ахмед, предложена за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека е разочарувачко и загрижувачко нејзиното непознавање на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и Истанбулската конвенција.

Од Мрежата наведуваат дека е особено проблематично што кандидатка која треба да одлучува за еднаквост и недискриминација, вклучително и за правата на жените, не покажала основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен стратешки документ за заштита од родово базирано насилство и за унапредување на родовата еднаквост. Дополнително, како што посочуваат, застрашувачки е фактот што лице со магистратура по меѓународно право не ги познава релевантните меѓународни документи што би требало да бидат суштински дел од работата на Комисијата.

За време на јавната расправа, прашана да наведе елементи на дискриминација кои постојат во законите, Ахмед одговорила со општи ставови, наведувајќи дека „секој од нас се среќавал со дискриминација“, при што како пример го навела сопственото искуство во образованието и оценувањето на учениците, истакнувајќи дека за неа сите ученици се еднакви и дека причините за неуспех често се поврзани со средината во која живеат.

— реклама —

На прашањето за нејзиниот став за законските измени во образованието во делот на дискриминацијата, таа изјавила дека сите ученици треба да се третираат исто, без разлика на етничката припадност, и дека е потребно повеќе интерактивна настава во која учениците ќе можат слободно да го изразат своето мислење.

Дополнителни реакции предизвикал и нејзиниот одговор на прашање од претставник на Мрежата, кој ја прашал на кој темел од Истанбулската конвенција би работела за време на својот мандат и со кои тела би соработувала при третирање дискриминаторски практики во образованието. Во одговорот, Ахмед зборувала за Истанбул во историски контекст и за периодот на Ататурк, мешајќи теми поврзани со секуларизмот и слободата на изразување, без конкретен осврт на содржината, механизмите и обврските што произлегуваат од самата Конвенција.

Дополнителни сомнежи предизвикала и нејзината објава на социјалните мрежи, во која, иако сè уште не е избрана, таа се заблагодарува за „назначувањето“ во Комисијата, упатувајќи благодарност до лидерот на ЛД, Изет Меџити, до партиските органи и до коалицијата ВЛЕН.

— реклама —

На ова реагираше и адвокатот Умејр Муамеди, кој оцени дека ваквата објава претставува јавно признание за партиска припадност и политичко влијание врз процесот. Тој истакна дека кандидатката не ги исполнува законските услови предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација, укажувајќи на непознавање на Истанбулската конвенција и на други клучни области поврзани со мандатот на Комисијата.

— реклама —

Според Муамеди, во конкретниот случај постојат сериозни индикации за повреда на законските одредби, непрофесионалност и ризик од партизирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, институција која треба да биде независна и стручно водена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба, интензивен ден во Собранието

Македонија | пред 1 ден

Sobranie-zgrada

Пратениците денес ќе одлучуваат за Завршната сметка на Буџетот

Македонија | пред 5 дена

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Без опозиција избрани новите министри, Мицкоски се извини за инцидентите

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

Парламентарното мнозинство на Мицкоски се зголеми на 59 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања