Промени тема
Контакт

(Видео) Скопје доби елка на плоштад, дали и како Данела ја платила - не знаеме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

arsovska-elka

На скопскиот плоштад веќе има елка, но не и тендер на Бирото за јавни набавки. Па така, не се знае дали и колку чини новогодишниот дух на Скопје. На подната фонтана има црвена платформа, а над неа се украсува божиќното дрво. Од страна куќички каде треба да има базар за десетина дена.

Изминативе денови беше забележително дека беше украсена и улицата на Рекорд. Таму ангажман имаа јавните претпријатија на Град Скопје чии работници ги поставуваа светилките. Прашавме во Град Скопје, колку пари ќе се платат, како е извршена набавката на реквизитите, кога ќе биде завршено украсувањето, но и дали ги чуваат ланските украси. На овие прашања, немаме, но и не очекуваме одговори. „Скопје1“ има десетици мејлови со новинарски прашања на кои нема никаков одговор, а се од јавен интерес - нешто што е нетипично за јавна институција.

— реклама —
— реклама —

Повеќе од јасно е дека минатата година, Данела Арсовска го украси Скопје без да распише тендер, а потоа јавно кажа дека ќе се платат 30.000 евра. Дали се парите платени и на кого - не се знае. Но, истовремено, беше отворен предмет од Финансиската полиција која одзема и документација. До сега, нема информација што се случува со оваа постапка.

— реклама —

Тогаш, Данела Арсовска заигра шах со Дедо Мраз, пишувајќи: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката...“. Овој чин беше протолкуван како правење шеги на сметка на инспекторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryntsjntei4a7ncD2NTb6

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов: Граѓанскиот суд изрече пресуда

Македонија | пред 4 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Македонија | пред 10 месеци

media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

Скопје | пред 10 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања