Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Снимка од драмата: Трамп извлечен од сцената, се сопнал при евакуацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarycpjqtp97i22t7hTPKS9

Снимка од драматичниот момент кога американскиот претседател Доналд Трамп е итно извлечен од сцената за време на новинарската вечера во Вашингтон се шири на социјалните мрежи, откако внатре во хотелот „Вашингтон Хилтон“ одекнале истрели и настанала паника меѓу присутните.

Според информациите, Трамп и првата дама Меланија Трамп биле веднаш евакуирани откако се слушнале пукања во лобито на хотелот, каде се одржувала свеченоста. Припадниците на Тајната служба реагирале за секунди, оттурнувајќи ги функционерите од сцената и пренесувајќи ги на безбедно место.

— реклама —

Во метежот што настанал, Трамп во еден момент се сопнал и паднал, додека агентите го извлекувале, но бил брзо подигнат и продолжена била евакуацијата без дополнителни последици.

Гостите во салата, според сведоштва, панично барале засолниште, додека низ просторот одекнувале повици „останете долу“, а дел од присутните легнувале на подот или се криеле под масите.

— реклама —
— реклама —

Според Њујорк Тајмс, повикувајќи се на полициски извори, осомничениот за нападот е 31-годишниот Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија. Полицијата потврди дека напаѓачот бил тешко вооружен, со пушка, пиштол и повеќе ножеви.

По инцидентот, Трамп се огласи на социјалната мрежа „Трут Соушл“, каде објави фотографија од лицето кое лежи на подот во хотелот, за кое се верува дека е осомничениот.

media-library4onpumejnanva0joyBu

(Фото) Кој е напаѓачот од Вашингтон: наградуван наставник, брз криминално досие

Мажот кој отвори оган на гала вечерата во Вашингтон, на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, не одговара на вообичаениот профил на сторител на ваков напад. Станува збор за 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од јужна Калифорнија, кој до неодамна работел како наставник по математика и развивал видеоигри, пренесува Си-Ен-Ен.Ален живее во Торенс, мирно предградие на Лос Анџелес, а полицијата веднаш по нападот во хотелот „Вашингтон Хилтон“ го означи како единстве

Свет | пред 6 месеци

Истрагата за инцидентот продолжува, додека надлежните служби ги утврдуваат сите околности поврзани со нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 2 дена

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања