Претставници на институциите и вечерва се присутни во кругот на складиштето „Ф-Групација“, каде продолжува гаснењето на големиот пожар што избувна доцна вчера и во кој гори канцероген отпад. Потрупувањето со ситна песок, според надлежните, дава резултати – ширењето на огнот е спречено, а пожарот се држи под контрола.
View this post on Instagram
На терен се работи со засилено темпо. Покрај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на местото присуствуваа и скопските градоначалници, меѓу кои претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Обезбедена е дополнителна механизација и ситна песок за поефикасна работа на екипите. Во гаснењето учествуваат и противпожарни единици од повеќе градови.
Во полициска станица во моментот се наоѓаат три лица поврзани со фирмата, кои даваат искази за околностите на пожарот. Постои сомнеж дека огнот е подметнат, а директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, случајот го оцени како „хибридна војна“.
На сите лица кои активно учествуваат во гаснењето им беа поделени заштитни маски поради високото загадување на воздухот предизвикано од согорувањето на отпадот.