На протестот во Скопје, на кој се бара правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки. Иако барањата се упатени до македонската Влада, сепак, се носеа само албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД. На протестот немаше ниту еден македонски симбол.
Дел од демонстрантите беа дојдени од Приштина, а за време на протестот се извикуваше и „УЧК“.
Меѓу пораките на транспарентите беа:
„Студентите не се предаваат“
„Овој јазик има маченици зад себе“
„Не ми ја допирајте иднината“
„Струга зборува албански“
„Знаењето нема забранет јазик“
„Политиката го зароби Уставниот суд“
Протестот се одржува во центарот на Скопје, а беа присутни од најмлади до највозрасни. Пораките беа насочени кон институциите и одлуките поврзани со употребата на албанскиот јазик.