Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Со ребалансот Владата на ВМРО крати пари од младите, а не од криминалните тендери“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarycdmn608p7qubeqpZQIK

СДСМ обвини дека со ребалансот на Буџетот Владата ги намалува средствата наменети за младите и демографските политики, наместо да инвестира во нивната иднина.

— реклама —

Од партијата велат дека средствата за демографски политики се намалени за повеќе од 70 проценти, од 71 на 21 милион денари, а за Програмата за млади се кратат уште еден милион денари.

— реклама —

„Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите. Наместо повеќе средства за младите и демографските политики, тие ги намалуваат средствата, додека има пари за нови задолжувања и криминални партиски тендери“, соопштија од СДСМ.

Од опозициската партија тврдат дека за две години државата е задолжена за нови 2,5 милијарди евра и додаваат дека, според нив, нема зголемување на минималната плата, ниту повеќе средства за младите, образованието и студентите.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека младите ја напуштаат државата поради недостиг на перспектива и можности.

— реклама —

СДСМ информира дека поднела амандмани со кои бара повеќе средства за младите, демографските политики, ученичкиот и студентскиот оброк, како и за образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања