Промени тема
Контакт

(Видео) Според ВМРО-ДПМНЕ, сведоштвото на Катевеновски потврдува политички притисоци во правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryo2c9frlogitqfdH5bpC

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека за време на владеењето на СДС и ДУИ судии биле разрешувани во рок од еден ден под партиски притисоци.

— реклама —

Тој се повика на сведоштвото на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој тврди дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во судски предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Според наводите што ги изнесе Манасиевски, Катевеновски на судско рочиште посочил дека нема да даде позитивно мислење во конкретниот предмет и дека ќе разговара со своите колеги за понатамошното постапување. Само еден ден подоцна, како што тврди, Судскиот совет свикал итна седница и донел одлука за негово разрешување.

— реклама —

Манасиевски истакна дека, според сведоштвото на Катевеновски, разрешувањето било резултат на притисоци од тогашните владејачки партии СДС и ДУИ, односно од нивните лидери Зоран Заев и Али Ахмети.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквите наводи претставуваат доказ за селективна правда и политичко влијание врз правосудниот систем во тој период. Според партијата, сведоштвата потврдуваат дека институциите биле партизирани и дека постоеле притисоци врз судии и обвинители.

Манасиевски порача дека, како што рече, вакви практики повеќе нема да бидат дозволени и дека е неопходно утврдување одговорност за сите случаи на евентуални политички притисоци врз правосудството.

— реклама —
media-library0f1861ola06bfUhVzcq

(Видео) Врховен судија сведочи дека бил разрешен откако одбил да го потврди затворот за Јанкуловска за „мерцедесот“

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на зат

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 23 часа

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања