Промени тема
Контакт

(Видео) Спречен обид за шверц на никотински производи вредни 1,2 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryv9b74irgsdra1Ersgxo

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари.

„Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун.

Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги.

Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење“, велат од Царинската управа.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања