„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Стојкоски од Ѓорче по уривањето на хангарот: Завршија деновите на провлекување и "дупки во законот"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
stojko

По акцијата за рушење на хангарот кој е лоциран на скопската обиколница во Ѓорче Петров, градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски посочи дека ова е чекор против урбаната мафина, и најави стопирање на изградба на дивоградбите. Тој вели: „Законот мора да важи за сите“.

— реклама —

„Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола“, вели Стојкоски.

Тој посочува дека согласно законската регулатива, донеле Решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.

— реклама —

„Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и "дупки во законот" за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден!“, додава тој.

Претходно, објавивме детали од уривањето:

DJI_20240319063812_0003_D.00_00_47_09.Still001

(Видео) Со многу полиција: Урнат хангар во Ѓорче Петров, го градеа на државно земјиште без дозвола

Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште - утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал. Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето. На местото имаше големо присуство на униформирани полицајци, кои беа распоредени околу местото.Објектот е целосно нелегален, а станува збор за метална конструкција која е затворена со лимови. Истовремено, изградена била и друга тврда градба од бетон. Со багери – сѐ беше срамнето до темел. Лимените конструкции кои беа вадени, веднаш со камиони беа транспортирани во отпад. Кај објектот не се појави сопственикот, ниту инвеститорот.Нелегалниот објект се протегаше на две парцели кои се државно земјиште, на површина од околу 10 илјади метри квадратни. Извршувањето на уривањето се одлагаше бидејќи предметот беше ревидиран и од Државниот инспекторат за градежништво, со кој раководи Фатмир Арифи, кадар на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

taksi

Таксист натепан пред ресторан во Ѓорче Петров

Скопје | пред 4 месеци

raskopan-volkovo

(Видео) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Скопје | пред 8 месеци

dzid-zgrada

(Видео) Градејќи нова, урнале ѕид од зграда: инцидент во Ѓорче, станари велат дека ова е загрозување на нивната сигурност и здравје

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2024-10-10-at-20.15.49

Шестгодишно дете е жртвата во училиштето во Ѓорче: наставничка суспендирана, четири имаат дисциплинска, директорот се повлече

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања