Промени тема
Контакт

(Видео) Стотици верници во Скопје ја одбележаа Мала Богородица со молитвена поворка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-librarys12aqcc692ktcfjWSUc

Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, познат како Мала Богородица, вечерва во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје се одржа празнична вечерна богослужба.

— реклама —

Стотици православни верници присуствуваа на богослужбата, а потоа со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица поминаа низ центарот на градот, во молитвена поворка посветена на празникот.

— реклама —

Рождеството на Пресвета Богородица се одбележува на 21 септември и е еден од 12-те големи празници во православната традиција. Празникот е посветен на раѓањето на Богородица, мајката на Исус Христос, и има особено значење во православното христијанство.

— реклама —

Според црковното предание, раѓањето на Пресвета Богородица го означува почетокот на настаните што водат кон Христовото раѓање и спасението на човештвото. Токму затоа празникот се доживува како ден на радост, надеж и вера.

Во народот празникот е познат како Мала Богородица, за разлика од празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува на 28 август и е познат како Голема Богородица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryohronivjl0fscFAvUue

Епископот Партениј: Залудно е да градиме храмови, ако самите не станеме храмови Божји

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library7spf2o7lu178f0b7dEh

Тишина пред радоста: Кое е значењето на Велика Сабота во православната традиција

Трендови | пред 5 месеци

media-libraryqma6v869dsls5izgM26

Велигден кај католиците и Цветници кај православните – денови на вера и надеж

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqu80f1vkbh0j2C3K6fJ

(Фото) Осветувани новите возила во МВР: едни поддржуваат, други негодуваат - но не е прв верски обред во институции...

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања