„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Осветувани новите возила во МВР: едни поддржуваат, други негодуваат - но не е прв верски обред во институции...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-libraryqu80f1vkbh0j2C3K6fJ

Фотографии на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени возила во кругот на Министерството за внатрешни работи се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бурни реакции во јавноста.

— реклама —

На фотографиите се забележуваат полициски автомобили паркирани во дворот на МВР, околу кои се изведува религиозен обред, како и присуство на полициски службеници. Дел од јавноста го оправдува ваквиот потег, посочувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување на возила и дека станува збор за симболичен чин со цел заштита и безбедност.

Сепак, друг дел од граѓаните и јавните личности остро реагираат, оценувајќи дека ваквата пракса е спротивна на принципите на секуларната држава. Тие укажуваат дека полицијата е државна институција која мора да биде еднаква и неутрална кон сите граѓани, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

— реклама —

Новинарот Фуркан Салиу од „ПорталХ“ јавно реагираше, оценувајќи дека не станува збор за традиција, туку за сериозно прашање на уставност. Според него, изведувањето верски обред врз службени возила во рамки на државна безбедносна институција испраќа порака дека една вера добива институционален простор, што е спротивно на уставното начело за секуларност.

„Полицијата во Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мора да им служи на сите еднакво. Таа не припаѓа на ниту една вера. Кога една вера добива официјален простор во полицијата, пораката до другите е јасна: оваа институција има доминантна вера. Ова не е симболика. Ова е институционализација на религијата и кршење на Уставот, кој ја дефинира државата како секуларна. Од МВР засега нема официјално соопштение во врска со настанот. Дебатата, меѓутоа, повторно го отвори прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, како и за потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор“, напиша Салиу.

Од МВР засега нема официјално соопштение во врска со настанот.

Пред една година, Африм Гаши изврши верски обред во Собранието, што наиде на реакции.

screenshot_20240712_153502_messenger

Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност.-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат.-Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

policija-germanija

Драма во болница во Германија: Пациент усмртен при полициска интервенција

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

(Фото) Од 25 до 31 година имаат лицата кои се гонат за сексуална продажба на малолетничка, која ја терале и да се дрогира

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Закани со пиштол во центарот на Скопје: Возач на „порше“ нападнат, оштетено возилото

Скопје | пред 4 седмици

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ е меѓу приведените во акцијата во Кичево

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања