Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(Видео) Страотна несреќа во Тајланд, најмалку 22 лица загинаа откако градежен кран се урна врз воз во движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryh8i8j02pgfeq6mrOBRX
YouTube/Print Screen

Драматична несреќа ја потресе Тајланд откако градежен кран се урна врз воз во движење во близина на главниот град Бангкок. Според првичните информации, загинале најмалку 22-јца патници, а речиси 80 лица се повредени, од кои неколкумина се во сериозна состојба.

Несреќата се случила на делница каде што се изведувале инфраструктурни работи поврзани со проширување на железничката мрежа. Во моментот кога возот минувал под конструкцијата, кран поставен на градилиштето изгубил стабилност и паднал директно врз вагоните.

— реклама —

Надлежните служби соопштија дека повредените веднаш биле пренесени во блиските болници, додека дел од патниците биле евакуирани на самото место. Очевидци опишуваат сцени на паника и хаос, со искршени вагони и блокирана железничка линија.

— реклама —

Министерството за транспорт на Тајланд потврди дека е отворена истрага за причините за несреќата. Првичните сомнежи укажуваат на пропусти во безбедносните процедури за време на градежните активности над активната пруга.

Железничкиот сообраќај на оваа релација е привремено прекинат, а властите најавуваат дополнителни проверки на сите големи инфраструктурни проекти со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 1 месец

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 1 месец

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања