Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryktj4dfoq9ddibTN8JhD

Возачи во Скопје сè почесто се двоумат дали да направат простор за возила на Итна медицинска помош, поради страв од казни од системот „Сејф сити“. Таков случај е регистриран денеска на раскрсница кај „Мавровка“, каде амбулантно возило останало заглавено и покрај вклучена сирена.

— реклама —

Системот, кој е поставен на самата раскрсница, автоматски евидентира прекршоци, вклучително и движење на возила за време на црвено светло. Токму поради тоа, дел од возачите не се осмелиле да го поминат пешачкиот премин или да излезат од својата лента за да ѝ отстапат пат на Брзата помош.

— реклама —

На видеото се слуша сирената, но амбулантното возило останува блокирано меѓу автомобилите. Дури по реакција и гестикулација од случаен минувач, дел од возачите почнуваат да се тргаат кон пешачкиот остров, овозможувајќи ѝ на Брзата помош да продолжи.

— реклама —

Случајот отвора прашање дали системот за автоматско санкционирање создава контраефект во ситуации кога е неопходна итна реакција и дали возачите се доволно информирани како да постапуваат без да стравуваат од казни.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb8lr4j0jv49ibNZUGHb

Бидејќи возачите знаат кај се камерите на „Сејф сити“, МВР најде нов начин за ловење и казнување, потврди и Тошковски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања