Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Судир на два авиона на аеродромот во Ханој – „Боинг“ му го распарал крилото на „Ербас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
7b1e3bd8-9d23-410c-9398-0aa45fdef390

На меѓународниот аеродром Нои Бај во главниот град на Виетнам, Ханој, во петокот попладне се случи необичен авиоинцидент, кога патнички авион од типот „Боинг 787“ удрил со крилото во задниот дел на авион „Ербас A321“, обајцата во сопственост на компанијата Vietnam Airlines.

— реклама —

Според извештаите, „Боингот“ се движел кон пистата за полетување кога со десниот крај на крилото го закачил репот на „Ербасот“, кој стоел неподвижно, чекајќи дозвола за полетување. Ударот бил доволно силен за да предизвика сериозно оштетување – дел од репот на „Ербасот“ буквално бил распарен.

Иако на двата авиони имало вкупно 380 патници, за среќа, никој не е повреден. Патниците биле пренасочени на други летови, додека двата оштетени авиона се приземјени и испратени на технички преглед.

— реклама —

Авиокомпанијата Vietnam Airlines соопшти дека четворица пилоти се суспендирани и дека е отворена внатрешна истрага. Според првичните наоди, можно е „Ербасот“ да не бил правилно паркиран, што придонело за несреќата.

— реклама —

Истрагата ќе ја води независна комисија во соработка со Виетнамската управа за цивилно воздухопловство (CAAV). Инцидентот е класифициран како сериозен безбедносен пропуст.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 6 дена

media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Свет | пред 1 седмица

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања