Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Тензии и караница на трибина на министерот Трипуновски и земјоделците: „Кажи дека нема пари, нема душата да ти ја земеме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library7m72r0rodhs03injiVV

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски имаше жестока расправија на трибина организирана од Министерството за земјоделие во Битола. Сточарот Борче Бучински, бидејќи според него, треба отворено да им се каже на земјоделците дкеа нема пари за исплата, а не да им се ветува, па да не се исплаќаат.

— реклама —

„Кажи, нема душата да ти ја земеме“, му рече Бучиноски, а од страна некој дофрли „Од СДС не баравте, сега барате“, на што Бучиноски врати „Кој не барал бе од СДС...“ по што настана општи хаос, а дел од присутните се смееја.

— реклама —
— реклама —

Потоа, Тони Петковски - Паша кој е сточар, исто така ги бараше субвенциите по грло-крава.

„Замижав и ја поддржав програмата, затоа што кога бевме во кабинет, ми рече 'ќе завршиме со исплатата', го исплати лозјето за да одиш на св. Трифун и повеќе застана“; додаде Петковски, по што дел од присутните се смееја, други аплаудираа.

Министерот Цветан Трипуновски вели дека за два месеци се исплатени 50 милиони евра субвенции кон земјоделците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjtuoaoma479v8U24xeJ

За Министерството за земјоделие трибината со дерење е „конструктивна атмосфера“

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања