Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

За Министерството за земјоделие трибината со дерење е „конструктивна атмосфера“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjtuoaoma479v8U24xeJ

Министерството за земјоделство тврди дека трибината во Битола, на која имаше тензии, расправии и реакции од земјоделците, поминала во „конструктивна атмосфера“, оценувајќи дека суштината на настанот била директен дијалог со граѓаните.

Од Министерството соопштија дека во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, земјоделците поставиле низа прашања на кои, како што наведуваат, биле дадени одговори.

— реклама —

„Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци“, велат од Министерството.

— реклама —

Сепак, во реакцијата индиректно се признава дека имало инциденти, но одговорноста се префрла на присутни поединци.

„Однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите“, стои во соопштението.

— реклама —

Министерството апелира медиумите да известуваат „објективно“, без генерализација која, според нив, не ја отсликува реалната слика од трибината.

— реклама —

Претходно, на настанот во Битола се слушнаа остри реакции од сточари и земјоделци кои јавно побараа исплата на субвенции, а дел од дискусијата премина во расправија и меѓусебни дофрлања.

media-library7m72r0rodhs03injiVV

(Видео) Тензии и караница на трибина на министерот Трипуновски и земјоделците: „Кажи дека нема пари, нема душата да ти ја земеме“

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски имаше жестока расправија на трибина организирана од Министерството за земјоделие во Битола. Сточарот Борче Бучински, бидејќи според него, треба отворено да им се каже на земјоделците дкеа нема пари за исплата, а не да им се ветува, па да не се исплаќаат.„Кажи, нема душата да ти ја земеме“, му рече Бучиноски, а од страна некој дофрли „Од СДС не баравте, сега барате“, на што Бучиноски врати „Кој не барал бе од СДС...“ по што настана општи хаос, а дел од

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7m72r0rodhs03injiVV

(Видео) Тензии и караница на трибина на министерот Трипуновски и земјоделците: „Кажи дека нема пари, нема душата да ти ја земеме“

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања