Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Тошковски се обрати за заминувањето на Груби: МВР има видео, полицаецот се суспендиран, не сум потпишал ништо за него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку видео порака им се обрати на СДСМ за заминувањето на Артан Груби. Тој рече: „Сите докази кои што се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое е недостапно за органите на прогон и треба да се искористат се обезбедени од МВР. МВР поседува видео запис на кој јасно се гледа повреда на закон и повреда на процедури од страна на полициски службеник кој бил во тој момент како граничен полицаец“.

— реклама —

„Врз основа на постапките, доставено е известување до Обвинителството. По консултација со обвинителот, ќе има кривична пријава, која утре ќе се поднесе. Од страна на МВР е изречена супспензија за предметното лице. Не го познавам лично предметното лице, ниту нешто сум издал за негово назначување да работи во рамки на граничка полиција во Македонија“, додаде Тошковски.

— реклама —

Според него, СДСМ ја брани ДУИ, а работи за лукатривни интереси.

Претходно, СДСМ излезе со сооштение во кое бараа тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби.

— реклама —

„Доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.  Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан.  СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега“.

На ова, Тошковски рече дека ќе им даде шанса на СДСМ да се оправат со текот на времето, како и дека нема да ги тужи за клевета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања