Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трамп: Имам две сестри, едната почина, другата е убава, но не сакав да бидам во врска со неа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја обвини демократската конгресменка Илхан Омар дека се омажила за својот брат, а на предизборен митинг во Канзас неочекувано почна да зборува и за сопствените сестри, нагласувајќи дека никогаш не сакал да биде во љубовна врска со нив ниту да се ожени со нив.

— реклама —

„Имам две прекрасни сестри. Едната почина, беше извонредна личност и федерална судијка. Другата исто така е прекрасна, но никогаш не сум сакал да бидам во врска со неа ниту да се оженам со неа“, рече Трамп на собирот во Салина, Канзас.

Тој потоа повторно се осврна на Омар, тврдејќи дека таа на прашањето дали се омажила за својот брат одговорила: „Колку што знам, не сум“. Трамп го протолкува тоа како признание, но не понуди докази за своите тврдења.

— реклама —

Американскиот претседател со години ја обвинува конгресменката со сомалиско потекло дека во 2009 година се омажила за својот брат Ахмед Нур Саид Елми со цел да изврши имиграциска измама. Омар ги отфрла обвинувањата, а не е докажано дека нејзиниот поранешен сопруг е нејзин брат.

— реклама —

Трамп и во претходните денови ги повторуваше овие тврдења, притоа споменувајќи ги своите сестри. На митинг во Дејтона Бич, Флорида, на 30 октомври, изјави дека никогаш не ѝ понудил брак на ниту една од нив и дека не бил привлечен од нив.

Неговата постара сестра Мериен Трамп Бери, поранешна федерална судијка, почина во 2023 година на 86-годишна возраст. Неговата друга сестра е Елизабет Трамп Грау.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп подготвува план Б: Ако демократите го преземат Конгресот, ќе продолжи да управува со извршни наредби

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) „Одвратен си, изгледаш ужасно“: Трамп со жестоки навреди кон новинар откако му поставил непријатно прашање

Свет | пред 2 дена

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп му даде зелено светло на Ел Салвадор за голема воена операција на Хаити

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања