Промени тема
Контакт

(Видео) Трамп со нова идеја за преименување: сојузната држава Ново Мексико да стане „Нова Америка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryabbr9qkf43mj8Vu8UjJ

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно отвори прашање за промена на географско име во САД. Овојпат изјави дека му се допаѓа идејата сојузната држава Ново Мексико да го промени името во „Нова Америка“.

— реклама —

„Многу луѓе предложија Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, да се преименува во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво име за жителите на таа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

— реклама —

Ова не е првпат американскиот претседател да покрене иницијатива поврзана со промена на географско име. Само десетина дена претходно, кон крајот на август, Трамп објави дека езерото Онтарио го преименувал во „Езеро Америка“.

Тој тогаш во Овалната соба потпиша извршна наредба, со која на американските федерални служби задолжени за географските називи им наложи да го променат името на езерото.

— реклама —

Езерото Онтарио е едно од петте големи езера во Северна Америка и се наоѓа на границата меѓу канадската провинција Онтарио и американската сојузна држава Њујорк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Гренланд го поддржа договорот со САД, „Златната купола“ на Трамп ќе се постави на островот

Свет | пред 36 минути

— реклама —
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

„Киев Индипендент“: Администрацијата на Трамп ѝ се заканила на Украина со прекин на разузнавачката соработка

Свет | пред 1 час

media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr

Европските влади против планот на Трамп за увоз на руски дизел

Свет | пред 1 час

media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

(Видео) Трамп до поддржувачите: „Можам да зборувам најголеми глупости, а вие пак ќе ми аплаудирате“

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања