Промени тема
Контакт

(Видео) Трамп вербално нападна новинар и го обвини за предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library80d7kh0mnvq26gY2hWL
screenshot x

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко влезе во вербален судир со новинар на „Њујорк тајмс“ за време на разговор со медиумите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, откако беше прашан за резултатите од американската воена кампања против Иран.

Инцидентот се случил кога новинарот Дејвид Сангер констатирал дека 38-дневното бомбардирање на Иран, кое го спроведоа САД и Израел, не довело до промена на режимот во Техеран. Трамп веднаш реагираше со остри напади кон новинарот и медиумот.

„Остваривме целосна воена победа. Но, лажните медиуми, луѓе како вас, не пишуваат точно. Вие сте лажен човек. Имавме целосна воена победа“, му рече Трамп на Сангер.

Американскиот претседател потоа го нападна известувањето на „Њујорк тајмс“ и Си-ен-ен, кои ги нарече „најлоши“, а Сангер го обвини и за предавство.

„Треба подобро да знаете, Дејвид. Вие сте професионалец. Уредниците ви кажуваат што да пишувате, а вие го правите тоа. Треба да се срамите. Искрено, мислам дека тоа е предавство“, изјави Трамп.

— реклама —

Тој повторно ги повтори тврдењата на неговата администрација дека САД воено го поразиле Иран, уништувајќи ја иранската морнарица, авијација, противвоздушна одбрана, радарски системи и дел од военото раководство.

— реклама —

„Сè уништивме. Тие се во целосен хаос и ние остваривме целосна победа. Но, луѓе како вас не ја пишуваат вистината“, рече Трамп.

Во разговорот призна дека американските сили не ја уништиле цивилната инфраструктура во Иран, но додаде дека тоа можеле да го направат многу брзо.

„Не уништивме ниту еден мост. Можевме да им ги уништиме мостовите и електраните за два дена, можевме да уништиме сè“, изјави американскиот претседател.

— реклама —

На крајот повторно ги нападна медиумите, тврдејќи дека „Њујорк тајмс“ објавува лажни вести и поради тоа губи претплатници.

„Сите знаат што се случува и затоа бројот на претплатници на ‘Тајмс’ драстично падна. Тоа се лажни вести“, заклучи Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

„Јас сум прописот“: Трамп во судир со архитектот на новата сала во Белата куќа

Свет | пред 17 часа

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп планира голема база за дронови на покривот на новата сала на Белата куќа

Свет | пред 1 ден

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Трамп потпиша договор со Данска и Гренланд за зголемено воено присуство

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања