Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Три вулкани пред можна ерупција: Највисок степен на тревога во Индонезија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library628dqcqi9kfbavcDJoc
Photo by Wolfgang Hasselmann on Unsplash

Индонезиските власти ги повикаа жителите да бидат внимателни поради зголемената активност на три вулкани – Анак Кракатау, Мерапи и Семеру, кои се наоѓаат на трет степен на тревога.

— реклама —

Според податоците на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности, сите три вулкани во петокот до 6 часот наутро по локално време останале на третото ниво на предупредување, што укажува на значителни потенцијални опасности.

— реклама —

За вулканот Анак Кракатау, кој се наоѓа во теснецот Сунда меѓу островите Јава и Суматра, властите им препорачаа на жителите, туристите и рибарите да се држат подалеку од опасната зона. Вулканската активност може да предизвика излевање лава, исфрлање вулкански материјал и пепел. Забранети се сите активности во радиус од три километри околу вулканот.

— реклама —

И вулканот Мерапи, кој се наоѓа на границата меѓу посебниот регион Јогјакарта и покраината Централна Јава, останува на трет степен на тревога. Меѓу можните опасности се пирокластични облаци, излевање лава и исфрлање вулкански материјал. Посебно предупредување добиле жителите што живеат покрај реките кои извираат од вулканот поради можноста за појава на калливи порои, особено при обилни врнежи.

— реклама —

На истиот степен на опасност останува и вулканот Семеру, највисоката планина на островот Јава. Можните опасности вклучуваат исфрлање пирокластични гасови, излевање лава, исфрлање вжештени камења и калливи порои предизвикани од дождовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryg3e3v84rbt0l8CUAlt8

(Видео) Силна ерупција на вулканот Фуего: Евакуирани над 1.700 луѓе

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryv413gjim0r5af3g0n5q

Еруптираше најактивниот вулкан во Централна Америка, прогласена тревога во цела Гватемала

Свет | пред 3 месеци

media-library2gv6rk51jfcf6tC7KXE

(Видео) Вулканот Етна повторно се разбуди: Лава и огромни облаци од пепел над Сицилија

Свет | пред 4 месеци

media-libraryuut3ill6ga577SLzSFV

(Вулкан) Вулканот Мајон повторно се активираше, илјадници луѓе евакуирани

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања