Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Еруптираше најактивниот вулкан во Централна Америка, прогласена тревога во цела Гватемала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryv413gjim0r5af3g0n5q

Гватемалските власти прогласија портокалово ниво на тревога на целата територија на земјата по новата ерупција на вулканот Фуего, најактивниот вулкан во Централна Америка.

Националната агенција за координација при катастрофи соопшти дека веднаш е започната евакуација на жителите од две села во близина на вулканот, кој се наоѓа на околу 35 километри од главниот град, Гватемала Сити.

Како мерка на претпазливост, властите ја прекинаа наставата во училиштата во погоденото подрачје и го затворија патот што го поврзува јужниот дел на земјата со историскиот град Антигва, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.

— реклама —

Поради положбата на Гватемала во Пацифичкиот Огнен Прстен, ваквите ерупции не се реткост. Минатата година повеќе од 500 лица беа евакуирани поради исфрлање гасови и пепел, додека во 2023 година своите домови ги напуштија околу 1.200 жители.

— реклама —

Најсмртоносната ерупција на Фуего се случи во 2018 година, кога загинаа 215 лица, а приближно ист број и натаму се водат како исчезнати.

Вулканот Фуего е висок 3.763 метри и е познат по честите експлозии, исфрлањето вулканска пепел и вжештени карпи. Тој речиси постојано покажува вулканска активност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2gv6rk51jfcf6tC7KXE

(Видео) Вулканот Етна повторно се разбуди: Лава и огромни облаци од пепел над Сицилија

Свет | пред 1 месец

media-libraryuut3ill6ga577SLzSFV

(Вулкан) Вулканот Мајон повторно се активираше, илјадници луѓе евакуирани

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2024-11-21-082409

(Видео) Еруптираше вулкан на Исланд

Свет | пред 1 година

f504d12d-306b-4ff0-afcb-a8942952d9ed

(Видео) Хаос на Бали по ерупцијата на вулканот

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања