Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вербален судир на седницата за „Пулс“: Апасиев и Василевска во расправа околу надлежностите на Комисијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library339jf889plbr6HIwW4O
YouTube/Print Screen

На денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која се одржа во присуство на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дојде до остри расправии меѓу дел од пратениците.

Според текот на седницата, пратеничката од мнозинството Иванка Василевска и претседателот на Комисијата, проф. д-р Димитар Апасиев, размениле повеќе забелешки во врска со надлежностите и функцијата на телото.

Апасиев ѝ реплицираше на Василевска, посочувајќи дека според Уставот Постојаната анкетна комисија има посебна улога во утврдување факти поврзани со слободите и правата на граѓаните, а не истражни овластувања.

— реклама —

„Она што го прочитавте беше допис на Обвинителот во врска со вашата анкетна комисија, а не со Постојаната анкетна комисија, која е уставна категорија, гарантирана во членот 76“, рече Апасиев, нагласувајќи дека наодите на Комисијата може да послужат како основа за иницирање постапка за утврдување политичка одговорност на носители на јавни функции.

— реклама —

Тој додаде дека ова тело има за цел да утврди што пропуштиле институциите и како тоа се одразило врз трагичните настани, меѓу кои и пожарот во „Пулс“, за кој родителите бараат институционална одговорност.

Пратеничката од ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, побара изземање на претседавачот Димитар Апасиев од водeњето на Комисијата, наведувајќи дека, според неа, постојат околности што ја доведуваат во прашање непристрасноста.

Василевска во своето обраќање изрази сочувство кон семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, нагласувајќи ја, како што рече, длабоката човечка и професионална одговорност да го посочи, според неа, проблематичното постапување на Комисијата.

„Стојам денеска пред вас со длабока тага и искрено сочувство за оваа незамислива трагедија“, рече таа, истакнувајќи дека како професор по право и како пратеник чувствува должност да укаже на сериозноста на ситуацијата.

— реклама —

Во продолжение, Василевска се обрати директно до претседавачот Апасиев, укажувајќи на член 10 од Законот за постапување по поднесоци и претставки:
„Во членот 10 се забранува да се постапува по претставка каде веќе има судска постапка за истата работа, а колега Апасиев, вие како правник сте должен да го знаете ова“, рече таа, оценувајќи дека неговото постапување, како што наведе, „делува сомнително“.

Таа додаде дека правните принципи налагаат изземање во ситуации кога постои сомнеж во непристрасност, особено во предмет со висока чувствителност и вклучена јавност.

„Пратеникот Апасиев со неговите изјави и ставови го изгуби кредибилитетот да ја води денешната комисија“, изјави Василевска, нагласувајќи дека, според неа, правдата мора да ја водат лица кои не даваат однапред оцени за можната одговорност.

Таа заклучи со барањето Апасиев да биде изземен од претседавање со Комисијата, со образложение дека „правдата не смее да биде водена од оние кои однапред ја негираат“.

Седницата продолжи со обраќања на родителите, кои повторија дека очекуваат парламентарна поддршка за расветлување на околностите и за утврдување одговорност за трагедијата во Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања