Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Во Флорида откриена голема позлатена статуа на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryq5tlmo4ahj23cUXfUxI
screenshot facebook

Голема позлатена статуа на американскиот претседател Доналд Трамп беше откриена на неговиот голф-терен во Дорал, Флорида, на свеченост организирана од евангелистички пастор.

Скулптурата, висока речиси седум метри, го прикажува Трамп со крената тупаница – поза што ја зазеде по обидот за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија. Статуата е поставена меѓу палми на имотот „Трамп нешнл Дорал Мајами“.

— реклама —

На церемонијата говореше пасторот Марк Барнс, член на организацијата „Пастори за Трамп“, кој изјави дека статуата „не е златно теле“, туку симбол на отпорност, слобода, патриотизам и борба за иднината на Америка.

— реклама —

Во текот на настанот, преку телефонско јавување се обрати и самиот Трамп, кој им се заблагодари на присутните и на Барнс, велејќи дека статуата е поставена „од љубов“.

— реклама —

Според американските медиуми, скулптурата ја финансирала група криптоинвеститори кои сакале да го промовираат својот „мемекоин“ наречен „Патриот“. Автор на делото е скулпторот Алан Котрил, кој откри дека бронзената статуа чинела околу 300.000 долари и дека инвеститорите доцнеле со исплатата.

Ова не е прва статуа со ликот на Трамп што се појавува во САД. Неодамна пред зградата на американскиот Конгрес беа поставени и други уметнички инсталации со негов лик, меѓу кои и една што го прикажуваше со покојниот Џефри Епстајн. Спорните инсталации подоцна биле отстранети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 2 дена

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања