Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Во Франција беснеат најразорните пожари во последниве 80 години, огнот уште е надвор од контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
MixCollage-07-Aug-2025-12-18-PM-5664

Во јужниот дел на Франција беснее најобемниот шумски пожар во изминатите осум децении. Огнената стихија, што започна оваа недела во областа Од, досега зафати над 16.000 хектари шума, однесе еден живот, а неколку лица се водат како исчезнати.

Пожарот сè уште не е ставен под контрола, а високите температури, ниската влажност и силниот ветер придонесуваат за неговото брзо ширење.

„Ситуацијата на теренот и понатаму е критична, пожарот не е ставен под контрола“, изјави Кристоф Магни, кој ја координира теренската акција за гаснење, за француската телевизија BFM TV. Огнот се движи кон границата со Шпанија и веќе уништи површина што надминува големина на целиот Париз.

— реклама —

Според француските власти, ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година. Временските услови значително ја усложнуваат работата на противпожарните екипи, кои се борат со силен ветар, екстремна жештина и слаба видливост.

На терен се ангажирани и воздушни сили, вклучувајќи хеликоптери и канадери, но пламенот продолжува да се шири и покрај сите напори.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања