Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос во Хрватска, силен снег, замрзнат дожд ураганска бура, затворени патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library6hh2gfnevq8rbGjqlg4
YouTube/Print Screen

Силниот снег и ветер предизвикаа вистински хаос во сообраќајот во Хрватска. Поради опасност од движење затворени се делови од автопатот А1 и Јадранската магистрала.Само за патничките возила е обезбеден обиколен патен правец преку Карин – Обровац – Грачац. За останатите категории возила има целосна забрана и нема алтернативни патишта.

Од утрово снег паѓа во централна Хрватска, Лика, Горски Котар и Славонија. На поголемиот дел од патиштата се вози во зимски услови, а на сила е забрана за сообраќај за камиони со приколки, со полуприколки и возила без задолжителна зимска опрема.

— реклама —
— реклама —

Снегот предизвика огромни проблеми во Загреб.

— реклама —

Од невремето неколку трамваи излегоа од шините, што доведе до прекини во сообраќајот.

Голем проблем освен снегот прави и замрзнатиот дожд и ураганска бура на брегот, поради што е издаден црвен временски аларм.

Се очекува екстремно студена недела, со температури што ќе паднат до -10 степени. Метеоролозите очекуваат дополнителни снежни врнежи денеска, како и повеќе од 50 сантиметри снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 1 седмица

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 1 седмица

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања