„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Харис на работ од солзи одржа губитнички говор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kamala-h

Потпретседателката на САД и демократска кандидатка на изборите, Камала Харис, не успеа да и обезбеди победа на својата партија, а сега првпат се огласи по поразот.

— реклама —

Таа уште на почетокот им се заблагодари на сите луѓе кои гласаа за неа. Илјадници луѓе дојдоа да ја слушнат и видат Камала во живо, а громогласен аплауз го придружуваше нејзиното појавување на сцената, додека многумина плачеа во публиката.

— реклама —

„Моето срце е полно денес, полно со благодарност, љубов кон нашата земја. Исходот не е онаков каков што сакавме, за што се боревме, за што гласавме. Но, слушајте ме, светлината секогаш ќе гори, се додека се бориме“, изјави Харис, која и самата беше на работ на солзите.

Истакна дека е горда на борбата и како таа се водеше, но и дека нема да се откаже од неа.

„Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата што ја водев во кампањата. Борбата за слобода, правда... Тоа е борба од која никогаш нема да се откажам. Никогаш нема да се откажам од фактот дека Американците можат да ги остварат своите аспирации, во Америка каде жените имаат избори, во која училиштата и улиците се заштитени од оружено насилство“, рече таа.

Соопшти дека демократите ќе се придржуваат до принципот на мирен трансфер на власта.

„Ова ја разликува демократијата од монархијата и тиранијата. Не му должиме лојалност на претседателот и партијата, туку на американскиот Устав“, рече таа.

Претходно Харис му се јави на Трамп да го признае поразот и да му честита за победата на претседателските избори. Таа зборуваше за „важноста од мирно предавање на власта и дека да се биде претседател е важно за сите Американци“, рекоа нејзините советници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kamala-h

Камала Харис за акцијата: Не станува збор ниту за дрога, ниту за демократија – станува збор за нафта

Свет | пред 6 дена

kamala-haris

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-11-04-150816

Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-26-090046

(Видео) Бијонсе ја поддржа Камала на митингот

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања