„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
puls-davidovic

Во разговор во „Претрес со Ландов“, Звонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите во случајот со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, првпат проговори за содржината на доказите што се дел од предметот – фрлајќи ново светло врз досегашната истрага и поставувајќи сериозни прашања за одговорноста на институциите.

— реклама —

„Ова е криминал кој траел со години. Не може одговорноста да се ограничи само на обезбедувањето. Надлежност имаат и МВР и Обвинителството. Ако клубот работел уште од 2013 година – каде биле тие сите овие години?“, праша Давидовиќ.

Тој посочи дека градежното и хемиското вештачење откриваат дека биле вградени опасни материјали во ентериерот, кои при горење создавале цијановодород – исклучително токсичен гас, и капки со температура од 250 до 450 степени. Тоа, според него, значи дека дури и ако искрите од прскалките биле безбедни, материјалите не биле.

— реклама —

„Ако сè било изградено според прописи, немало да дојде до ова. Но, не било“, вели тој.

Според Давидовиќ, сè уште нема точен одговор од вештачењата, колку лица можело да собере клубот.

Тој одговори и на прашњето вратите биле заклучени, но отворено постави прашања зошто со истрагата не се опфатени други институции – меѓу кои УЈП, Пазарна инспекција...

„Со вакво обвинение, без сите одговорни и со обвиненија по исти член – родителите нема да ги добијат сите одговори. Тоа е жално, но реално.“

Според него, доказниот материјал е обемен – повеќе од 50.000 страници.

Многу повеќе на оваа тема, но и за Мијалков, Нинџа, 27 април, најгрозоморните убиства во Македонија, слушнете во „Претрес“:

4ih2pmtgyv8
?t=5463

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања