Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryplvr6vq47agj9taG7x5

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, ги повика пратениците да ги поддржат техничките измени на Изборниот законик, предупредувајќи дека во спротивно Македонија може да ги изгуби првите четири милиони евра од Европската Унија.

— реклама —

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен – дали ќе ги изгласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат четири милиони евра. Никој разумен политичар не би дозволил граѓаните да останат без тие средства“, изјави Зајкова.

Таа потсети дека ЛДП уште минатата недела побарала измените што се однесуваат исклучиво на препораките на ОБСЕ и ОДИХР веднаш да бидат ставени во собраниска процедура.

— реклама —

Според Зајкова, не станува збор за политички „црвени линии“, туку за технички измени што веќе се договорени и чие усвојување е поврзано со добивањето средства од Европската Унија.

— реклама —

„До 2028 година има доволно време политичките партии да ги усогласат останатите прашања поврзани со Изборниот законик. Сега е важно да ги усвоиме техничките забелешки и да им обезбедиме четири милиони евра на граѓаните“, порача Зајкова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

„Времето на автократите завршува“ – Зајкова и ЛДП со порака по изборите во Србија

Свет | пред 2 седмици

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

Зајкова: Борбата за отворени листи не е предавство, туку слобода за граѓаните – нема да бидеме декор во вашите партиски пресметки

Македонија | пред 2 седмици

Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

„Не ги користете мртвите деца за политички поени, ниту пак живите деца кои сè уште чекаат мир“, вели Моника Зајкова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања