Промени тема
Контакт

(Видео) Закани кон македонските власти, преку хакираната страница на скопската автобуска страница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarym5f78jp7t3kg5MzpdIJ

Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk) беше хакирана од поединец или група што се претставува под името „Аргонс“, а на неа е поставено видео со заканувачка порака упатена кон македонските власти.

На местото на редовната содржина на страницата се појавува видео на платформата Vimeo, објавено на 13 октомври, во кое се слуша глас на англиски јазик што најавува „сајбер армагедон“.

„Мислевте дека можете да не искористите за да ги уништите своите противници со нашите методи. Но никогаш не плативте. Тоа што е договорено, договорено е. Наскоро ќе видите дека не можете да се зае*авате со нас. Не плативте за она што го нарачавте со пари – сега ќе платите со болка. Судниот ден се приближува. Сајбер армагедон ќе се истури врз вас“, се наведува во пораката.

— реклама —

Според датумот на објавата на Vimeo, видеото е поставено уште на 13 октомври, што значи дека пораката најверојатно стои на хакнатата веб-страница веќе два дена. Засега нема официјално соопштение ниту од управата на автобуската станица, ниту од надлежните државни органи.

— реклама —

Не е познато дали групата „Аргонс“ претходно имала слични акции, ниту дали зад нападот стои политичка или криминална мотивација.

Интернет-страницата и понатаму е нефункционална.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 3 седмици

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања