Промени тема
Контакт

(Видео) Земјотрес од 6,7 степени во Индонезија: оштетени домови и инфраструктура, има загинати и десетици повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarysqkqk8a136g73P7rNm0

Најмалку едно лице го загуби животот, а 38 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала што во вторникот го погоди островот Сулавеси во централниот дел на Индонезија.

Според податоците на надлежните служби, епицентарот бил регистриран на околу 43 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри.

Силното тресење предизвикало паника меѓу жителите, кои масовно ги напуштале домовите и зградите и се упатувале кон отворени простори. Палу, главниот град на покраината Централен Сулавеси, има околу 400.000 жители.

— реклама —

Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, соопшти дека неколку болници биле принудени да ги евакуираат пациентите. Според првичните информации, 38 лица биле пренесени во болница, од кои 13 се здобиле со потешки повреди.

Земјотресот предизвикал значителна материјална штета. Оштетени се најмалку 67 куќи, шест верски објекти, четири јавни објекти, два моста, две владини згради и три деловни објекти.

— реклама —

Дополнително, прекинат е сообраќајот на делница од регионалниот пат што го поврзува Палу со соседните области Сиги и Посо.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека во текот на денот биле регистрирани најмалку 71 последователен потрес, што дополнително ја зголемило загриженоста кај населението.

— реклама —

Индонезија се наоѓа на т.н. Пацифички огнен прстен, едно од сеизмички најактивните подрачја во светот, каде што земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

Тешки последици од земјотресот во Колумбија: Речиси 300 загинати, илјадници повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuh6k6adkmbhj86oFdxi

Силен земјотрес ја погоди Индонезија: Најмалку 38 загинати

Свет | пред 1 седмица

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија: Потрес од 2,8 степени регистриран меѓу Тетово и Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Се стресе охридскиот регион: Регистриран земјотрес на длабочина од 15 километри

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања