„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео/Фото) Фудбалерот на македонскиот клуб Рокдејл Илинден е една од жртвите во нападот на плажата Бонди во Сиднеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryqilg4nhhmkmp0e2Nlr4
ФБ

Францускиот фудбалер Ден Елкајам, член на македонскиот клуб Рокдејл Илинден - Австралија, е идентификуван како една од жртвите во вчерашниот вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј. Тој беше меѓу 16-те луѓе кои го загубија животот во масакрот што властите го квалификуваат како терористички напад.

— реклама —

Австралиските служби соопштија дека нападот го извршиле татко и син; едниот напаѓач бил убиен, а другиот е приведен. Покрај загинатите, 42 лица се хоспитализирани. Настанот се случил за време на еврејски фестивал што се одржувал на плажата.

Смртта на Елкајам ја потврди потпретседателот на Рокдејл Илинден, Лу Тасевски.
„Јас сум скршен од болка, мојот син игра во Рокдејл Илинден и двајцата беа одлични пријатели. Ова е трагична загуба и ние сè уште се обидуваме да се справиме со неа“, изјави тој за локалните медиуми.

— реклама —

Елкајам, 27-годишен француски државјанин, во клубот настапувал последните 12 месеци и бил високо ценет од соиграчите, тренерите и управата. Живеел во Австралија неколку години и работел како ИТ-аналитичар во NBC Universal. Освен по фудбалскиот талент, бил препознатлив и по љубовта кон плажите во Сиднеј и патувањата низ Австралија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Свет | пред 2 месеци

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Свет | пред 2 месеци

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Апсења во Сиднеј по масакрот во Бонди: полицијата спречила можен нов напад

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj0voeh5q65pjfVuHYXd

Обвинет преживеаниот напаѓач од Бонди: 15 убиства и терористички чин

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања