Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-librarybnorud3k1p151HZB49s

Германија повлече од продажба замрзнато овошје произведено во Србија, откако во пратката бил откриен вирус на хепатитис А, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).

— реклама —

Според известувањето, станува збор за мешавина од замрзнати бобинки што содржела малини и капини од Србија, како и јагоди, црвени и црни рибизли и диви боровинки од Полска. Ризикот за здравјето на потрошувачите е означен како „сериозен“.

— реклама —

Српското Министерство за земјоделство соопшти дека производител на пратката е Фриго-Паун од Пожега.

— реклама —

Германските власти и минатата година открија присуство на хепатитис А кај малини од Србија. Според експертите, вирусот најчесто е поврзан со недоволна хигиена при производство и ракување со храната.

— реклама —

Хепатитис А е вирусно заболување што го напаѓа црниот дроб, а најчестите симптоми се замор, гадење, температура, болки во стомакот и жолтица. Симптомите обично се појавуваат две до шест недели по изложеноста на вирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања