Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Високите температури можат да предизвикаат срцев и мозочен удар: Еве како да се заштитите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
toplo-vreme-768x556

Соочени со екстремно високи температури, здравствените власти објавија низа препораки за заштита на населението, предупредувајќи дека топлотните бранови можат сериозно да го загрозат здравјето, особено кај најранливите категории граѓани.

Најизложени на ризик се малите деца, повозрасните лица, бремените жени, лицата со прекумерна телесна тежина, како и хронично болните, особено оние со срцеви и респираторни заболувања и дијабетес.

— реклама —

Дополнителен ризик имаат и лицата кои работат или вежбаат на отворено, како и оние кои престојуваат во непроветрени и недоволно разладени простории.

Според стручните лица, високите температури можат да предизвикаат влошување на респираторните заболувања, пад на крвниот притисок, дехидратација, тромбоза, срцев и мозочен удар. Дополнително, изложеноста на силно сончево зрачење може да предизвика изгореници, предвремено стареење на кожата и да го зголеми ризикот од рак на кожата.

— реклама —

Здравствените власти предупредуваат и на опасноста од хипертермија, односно прегревање на организмот, што може да доведе до топлотна исцрпеност или топлотен удар – состојба која бара итна медицинска помош.

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат изложување на директно сонце во периодот од 10 до 17 часот, особено децата, бремените жени, постарите лица и хронично болните.

— реклама —

Се советува носење лесна и широка облека од природни материјали, капа или шешир со широк обод и очила за сонце со УВ-заштита.

Лицата кои мора да работат на отворено треба почесто да прават паузи, да престојуваат во сенка и редовно да внесуваат течности. Препораките се да се пијат доволно количини вода и нискокалорични пијалаци без кофеин, алкохол и шеќер, како и да се консумираат полесни и почести оброци.

— реклама —

Дополнително, се препорачува просториите во кои престојуваат деца, постари лица и хронично болни да бидат соодветно разладени, при што температурата во текот на денот не треба да надминува 30 степени Целзиусови.

Здравствените власти апелираат граѓаните доследно да ги почитуваат препораките сѐ додека траат високите температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fontana

Пеколно лето во Македонија: Во петок до 45 степени, од понеделник драстично заладување со дождови, ќе биде под 30 степени

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
sonce

Екстремно топол бран неделава! Температурите над 40 степени

Македонија | пред 11 месец

Sonce-pekol

Температури до 42 степени – УХМР најавува топлотен бран и за денеска!

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања