Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Владата го осуди палењето на дипломатски возила кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата најостро го осуди опожарувањето на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи го инцидентот како недозволив вандалски чин и напад врз безбедноста и дипломатските односи.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека ваквите постапки претставуваат повреда на принципите на меѓународното право и немаат место во едно демократско општество.

„Секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран“, порачаа од Владата.

— реклама —

Надлежните институции, како што се посочува, веќе преземаат интензивни активности за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

— реклама —

Од Владата истакнаа дека државата располага со капацитет да одговори со сите расположливи институционални механизми и нема да дозволи поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.

Воедно, се очекува брза и ефикасна истрага, целосно расветлување на настанот и соодветна кривична одговорност за сите инволвирани.

„Остануваме цврсто посветени на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата, како и на зачувувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи“, се наведува во владината реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Скопјанецот кој запали две бугарски дипломатски возила ја призна вината: „Сам одлучив“

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Од „предизвикување општа опасност“ до загрозување на лица под меѓународна заштита: 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред бугарската амбасада

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjs5sspb67kccdpdmEgz

Бугарската амбасада во Скопје реагира за најавените блокади на граничните премини

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

(Видео) Снимка од палењето на автомобилите кај Бугарската амбасада во Скопје

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања