Промени тема
Контакт

„Владата на Мицкоски веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог“, вели Жерновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryouvhc324vipq1OWfdYz

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференцијата изјави дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог и дека во моментов ја подготвува јавноста за таквиот потег.

— реклама —

Според него, СДСМ располага со информации од Брисел дека договорот е веќе постигнат, а, како што рече, сигнали за тоа пристигнале и од Берлин и од Париз.

— реклама —

Жерновски оцени дека се пропаднати сите обиди на Владата да ја прикрие вистината, наведувајќи дека претходните најави за одложување, посебни услови или специјални договори не се реализирале.

Тој обвини дека Владата сега се обидува како политичка победа да го претстави токму она што претходно го нарекувала лага и велепредавство.

— реклама —

Во своето обраќање, Жерновски се осврна и на неодамнешните изјави на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека тие претставуваат подготовка на јавноста за промена на досегашните позиции.

Тој порача дека во наредниот период, според него, ќе стане јасно дека СДСМ ја говорела вистината за европскиот пат на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, со години ја градела својата политика врз лаги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryda3fbkl0dmh65RLQHIM

(Видео) Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydb42hvlkop2v8zRIytV

(Фото) Манасиевски: Жерновски повторно виден како го вози „мерцедесот“ за кој тврдеше дека никогаш не го возел

Македонија | пред 3 седмици

920541_573957962634478_1877160628_o

„Нема ли некој да го убие Жерновски, и тоа пред фамилијата“: членот на Извршниот одбор на СДСМ објави директна закана кон него и праша каде се институциите

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryr2nljhmlbn8r11YZOdZ

(Видео) Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања