Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Кога паѓаат заштитниците, доаѓа редот на нивните клиенти“: Жерновски со порака до Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Коментари
media-libraryji80q6rhf953dhfl5Nf

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Андреј Жерновски од СДСМ оцени дека политичките промени во Србија може да отворат простор за демонтирање на мрежите што со години ги поврзуваат политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а за кои тврди дека се поврзани и со власта на Христијан Мицкоски во Македонија.

Во својата објава, Жерновски ја критикуваше, како што ја нарече, „траорната атмосфера“ во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ, оценувајќи дека тоа го потврдува она за што СДСМ зборува повеќе од две години.

„Имам чувство дека самиот Мицкоски да изгубеше, немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост.

— реклама —

За разлика од нашиве “патриоти”, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод.

Промените во Србија не се само српска работа. Тие треба и мора да се почеток на демонтирање на системот од мрежи што со години ги поврзува политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а врз која Мицкоски ја градеше сопствената моќ во Македонија. Затоа, многу наивно и лекомислено е да се тврди дека СДСМ слави туѓа победа, или туѓ пораз. Не, туку се слави една искрена надеж дека ова значи отворање на простор за расчистување со корупцијата и заробените институции и во Македонија.

Христијан “Никогаш Северна” Мицкоски не е случаен партнер на Вучиќ и Орбан. Напротив. Го презеде нивниот модел на владеење, бездушно и заветно овозможувајќи Македонија да стане полигон за нивните политички, безбедносни и финансиски интереси.

— реклама —

Зарем има некој наивен кој мисли дека е случајно што токму во мандатот на оваа власт, европските институции преку своите извештаи ја отворија и темата за влијанието на концептот „српски свет“ врз нашата држава.

А сега доаѓаат и прашањата за парите. Ах тие пари, нели?

— реклама —

Во Унгарија веќе се отворија истраги поврзани со кредитните зделки по кинески рецепт на Орбан и Мицкоски. Нашите граѓани уште го чекаат одговорот на прашањето како е договорен кредитот од една милијарда евра што Мицкоски го претставуваше како голем успех и на прашањето каде завршија тие пари.

Паралелно на тоа, сега и Белград ќе отвори низа на сериозни прашања, како на пример за влезот на сомнителниот српски капитал преку Алта банка, енергетските и бизнис релации меѓу комшиските браќа, медиумските режимски испостави, секако и случајот со петте тони дрога.

Обрачот околу Мицкоски од ден на ден се стега, бидејќи се отвораат прашањата од кои тој најмногу бега: колкав криминал и колкава штета е направена, и дали кога им служеше на Орбан и Вичиќ, ги штитеше интересите на македонската држава и македонските граѓани или, пак, ги штитеше своите интереси?

Да резимираме.

По падот на Вучиќ и Орбан, Мицкоски станува сè поизложен, поранлив, понемоќен. Се распадна мрежата што му даваше политичка поддршка и бизнис заштита.

А дури и во белата палата знаат дека кога паѓаат заштитниците, доаѓа редот на нивните политички и бизнис клиенти“, наведува Жерновски.

media-libraryk1dc4op9ijbn17c9ZZ7

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryda3fbkl0dmh65RLQHIM

(Видео) Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarydb42hvlkop2v8zRIytV

(Фото) Манасиевски: Жерновски повторно виден како го вози „мерцедесот“ за кој тврдеше дека никогаш не го возел

Македонија | пред 1 месец

920541_573957962634478_1877160628_o

„Нема ли некој да го убие Жерновски, и тоа пред фамилијата“: членот на Извршниот одбор на СДСМ објави директна закана кон него и праша каде се институциите

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr2nljhmlbn8r11YZOdZ

(Видео) Жерновски: СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања