Владата не презема никакви мерки против загадувањето на воздухот - граѓаните ги трпат последиците, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zagaduvanje

„Владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВЛЕН молчи, додека Скопје руши светски рекорди за загаденост на воздухот. Без разлика на ограничувањата, огромен дел од индустриските капацитети употребуваа крајно штетни горива, мазут и јаглен. И покрај алармантната состојба, најголемиот дел од јавни институции во Скопје, како основни топлива исто така ги користат мазутот и нафта. На сето ова, според нашите сознанија, во дел од индустриските капацитети и покрај забраните се согорува и отпад“, велат од Левица.

— реклама —

„Состојбата на терен, особено во индустриските капацитети не може да се утврди. Информациите околу загадувањето за јавноста не се достапни, ниту од јавната, ниту од приватната сфера. Инспекторите не можат да констатираат неправилности, поради тоа што непосредно пред нивните проверки, сопствениците на индустриските капацитети се известени, а загадувачите своето работење времено го прилагодуваат во законската рамка.

— реклама —

Податоците за штетноста на овие горива се одамна добро познати, но во изминатите 30 години никој не презема конкретни чекори за нивно заменување. Левица претходно предочи итни мерки кои можат да се спроведат со цел намалување на загадувањето, особено во неколкуте најзагадени градови во Македонија. За жал, откако се на власт, на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ загадениот воздух не им пречи. Потсетуваме дека овие партии, го намалија Буџетот за над 50% против аеро-загадувањето, а очигледно од препораките и еколошките програми, апсолутно ништо не се спроведува.

— реклама —

Левица бара:

• Мапирање и строго казнување на големите загадувачи, кои со години функционираат без реални санкции за нивното влијание врз животната средина;

• Гасификација на индустријата и домаќинствата, што ќе доведе до значително намалување на штетните емисии;

• Задолжително и бесплатно приклучување на колективните станбени згради и јавните објекти кон централниот систем на парно греење (Топлификација),

• Ревизија на начинот на трошење на средствата од т.н. Зелен фонд;

• Насочување кон планско лоцирање индустриски капацитети, фабрики, погони или постројки подалеку од градската зона (особено кон исток).

Ги повикуваме надлежните инспекторати итно да излезат на терен и извршат проверка кај потенцијалните загадувачи, што се согорува во индустриските капацитети и какво топливо користат истите, секаде каде што ќе бидат утврдени неправилности, неопходен е итен прекин на нивната работа“, се наведува во соопштението на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryov607qbpgij3cdOaxb1

Левица: Министерот Љутков е отсутен и незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги

Македонија | пред 19 часа

media-libraryl6e3c0fuvcvnbqqxDv8

Ристовски: Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите

Скопје | пред 23 часа

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ: Левица поднесува закони против партиски вработувања и дискриминација на бремените

Македонија | пред 1 ден

media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c

Левица: Изјавата на Чучуљ ја компромитира ДКСК и ја поткопува довербата на граѓаните

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања